Вкусен чоколаден кекс, кој се приготвува многу брзо.
Вклучете ја рерната на 200 степени, да се загрее додека се подготвува смесата.
Сувите состојки се ставаат во длабок сад, и се промешуваат со жица за матење, да нема грутки од какаото. Потоа се додава млекото и водата, се промешува и се додаваат преостанатите состојки.
Се истура во калап намрснет и набрашнет, и се пече околу 40 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови