Чококекс (без миксер)
Состојки
- 2 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 1/4 чаша какао
- 1/2 лажиче сол
- 1 лажиче пециво
- 2 лажички сода бикарбона
- 1 чаша батермилк (млеко во кое сме ставиле 1 лажица оцет, се чека 10 мин да се згусне)
- 1 чаша жешка вода
- 1/4 чаша растопен путер
- 1 лажиче екстракт од ванила
- 3 јајца
Подготовка
Вкусен чоколаден кекс, кој се приготвува многу брзо.
Вклучете ја рерната на 200 степени, да се загрее додека се подготвува смесата.
Сувите состојки се ставаат во длабок сад, и се промешуваат со жица за матење, да нема грутки од какаото. Потоа се додава млекото и водата, се промешува и се додаваат преостанатите состојки.
Се истура во калап намрснет и набрашнет, и се пече околу 40 минути на 200 степени.