Подготовка:

1. Компирот излупете го и исецкајте го на парчиња како за помфрит. Наредете ги на хартија за печење и посипете со пикантно маслиново масло. Ако немате такво тогаш оставете од вечер неколку чили во маслото, па промешајте. Утрото само процедете дирекно попрскувајќи.
2. Зачинете со бибер, сол и оригано, па ставете во загреана рерна. Оставете нека се испече убавко. За покрцкави, оставете подолго.
3. Извадете кога се готови и служете. Јас ги служев со посен мајонез, кој го спремив по рецептот што го најдов на нет, па го пробав. Го сварив густинот, оставив да излади, а потоа му ги додадов сите останати состојки. Добар е за во посни денови.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови