Чипс од пикантно сладок компир
Состојки
- 2парчиња сладок компир
- 100мл квалитетно пикантно маслиново масло
- 1/3лажиче оригано
- 1/3лажиче свежо сомелен црн бибер
- 1/4лажиче сол по вкус
- Додаток посен мајонез
- 6 лажици нишесте
- 24лажици вода
- 4лажици сенф
- 1/4лажиче сол
- 1/2 сок од лимон
- 10лажици зејтин
Подготовка
Подготовка:
1. Компирот излупете го и исецкајте го на парчиња како за помфрит. Наредете ги на хартија за печење и посипете со пикантно маслиново масло. Ако немате такво тогаш оставете од вечер неколку чили во маслото, па промешајте. Утрото само процедете дирекно попрскувајќи.
2. Зачинете со бибер, сол и оригано, па ставете во загреана рерна. Оставете нека се испече убавко. За покрцкави, оставете подолго.
3. Извадете кога се готови и служете. Јас ги служев со посен мајонез, кој го спремив по рецептот што го најдов на нет, па го пробав. Го сварив густинот, оставив да излади, а потоа му ги додадов сите останати состојки. Добар е за во посни денови.
На здравје.