На 10.10.1991 година јас и мојот сопруг стапивме во брак. Успеавме со љубов, разбирање, толеранција да изградиме топло семејство. Горди родители сме на два прекрасни сина. Нека ни е честита 30 годишницата од брак.

Подготовка

1. Прво ги мелиме бисквитите. Ги соединуваме со растопениуот путер. Убаво соединуваме. Смесата ја натапкуваме во калап бр 20 со обрач. Оставаме во фрижидер да се излади
2. Го матиме маскарпонето со шеќерот во прав. Оставаме на страна
3. Во тенџере ги ставаме малините, шеќерот и водата. Од кога ќе зоврие вариме 4,5 минути.
Процедуваме низ цедалка убаво, да се отстранат семките, а да остани пулпата.
Тргаме на страна 100 мл од добиеното пире. Од кога ќе се излади го мешаме со изматеното маскарпоне. Слатката павлака многу кратко ја матиме.
4. Желатинот го растопуваме и го додаваме кај маскарпонето. Се заедно сега соединуваме со шпатула, не со миксер. Оваа смеса ја истураме врз основата. Оставаме во фрижидер да се излади и стегни.
5. Во мал сад ставаме 1 кесе желатин со 2 лажици вода Од кога ќе набабри го растопуваме. Го додаваме кај малините кои ги тргнавме на страна.
Убаво промешуваме и истураме врз веќе стегнатиот крем Оставаме во фрижидер уште 2 часа.
6. Внимателно го отстрануваме обрачот.
Сечиме на парчиња и го послужуваме десертот.
На здравје убавинава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани