Боровинките ми се често инспирација. Ова е еден од многуте кремасти рецепти со боровинки кои ги имам испробано. Се надевам ќе ви се допадне.

Подготовка

1. Мелените орео колачиња ги мешаме убаво со стопениот путер и ги натапкуваме на дното од калап за чизкејк (15цм). Калапот го ставаме во фрижидер.
2. Боровинките заедно со 100г шеќер, малку сок од лимон и малку вода ги загреваме на рингла. Ги миксаме со рачен блендер и процедуваме од семчиња.
3. Крем сирењето го мешаме со 80г шеќер, павалака и ванила. Посебно ја матиме слатката павлака и ја додаваме во филот со крем сирење.
4. Го додаваме растопениот желатин во филот и бидејќи смесата треба да биде течна додаваме млеко по потреба. Потоа смесата ја делиме на 3 дела. Половина од смесата ја тргнав во еден сад, од она што остана повеќе од половина во втор сад и остатокот во трет сад. Најголемиот дел од филот го оставаме да биде бел, во вториот сад додаваме, отприлика, половина од пирето од боровинки и во најмалиот дел остатокот од пирето од боровинки. Потоа внимателно го истураме прво белиот фил во калапот, веднаш потоа во средината го додаваме посветлиот фил и на крај, исто во средината најтемниот фил. Треба да отстои во фрижидер најмалку 6 часа.

Го декорирав со слатко од боровинки.

На здравје!

*Забелешка. Јас се ова го правев од око за да добијам бел фил (најголема количина), посветол фил со боровинки и потемен фил со боровинки (најмала количина). 

 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови