Чај од црно семе
Еве еден едноставен напиток,кој ќе ви го подобри здравјето и виталноста.
Топол напиток, наречен ерменски чај од млеко.
Млекото го ставаме во сад да се топли.
Кога почнува да се вжештува додаваме лажица од црнотот семе и почнуваме да мешаме.
Оставаме да врие клуч што би рекле постарите околу 5 минути со постојано промешување.
Се пие засладено со мед или ако ви е малку додајте кафен шеќер.
Мене овој топол напиток ми е повеќе од прекрасен.
На здравје
Забелешка
Не треба да се претерува со црното семе.
Доволни се 2 до 3 супени лажици во текот на денот да се внесат во организмот.
Воведете го во исхраната,придобивките се големи од неговата конзумација.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Црното семе го користам најчесто како зачин, ама и вака ќе го пробам, ми се допадна:)