Ставете ги водата, шеќерот и маргаринот исечен на парчиња на оган да се стопат и да зовријат.
Тргнете го садот од оган и енергично измешајте ги во него кокосот и млекото во прав.Кога ќе добиете изедначена смеса поделете ја на два дела,во едниот дел ставете го растопеното црно чоколадо, а во другиот ставете го белото чоколадо.
Од смесата формирајте бомбици и во секоја ставајте по еден лешник.Белите бомбици валкајте ги во кокосово брашно,а црните во рендано чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови