Испечати

Црни и бели бомбици со млеко во прав

Црни и бели бомбици со млеко во прав

Состојки

  • 200гр. млеко во прав
  • 75 мл. вода
  • 75 гр. шеќер
  • 100гр. маргарин
  • 100гр. црно чоколадо
  • 200гр. кокосово брашно
  • 100гр. бело чоколадо
  • ренадано чоколадо по потреба
  • лешници по потреба
  • кокосово брашно по потраба за посипување на бомбиците

Подготовка

Ставете ги водата, шеќерот и маргаринот исечен на парчиња на оган да се стопат и да зовријат.
Тргнете го садот од оган и енергично измешајте ги во него кокосот и млекото во прав.Кога ќе добиете изедначена смеса поделете ја на два дела,во едниот дел ставете го растопеното црно чоколадо, а во другиот ставете го белото чоколадо.
Од смесата формирајте бомбици и во секоја ставајте по еден лешник.Белите бомбици валкајте ги во кокосово брашно,а црните во рендано чоколадо.