Првпат ги видов многу одамна на интернет и од тогаш редовно ми се вртат во глава, вкусот им е преубав сите кои го пробале киселото тесто знаат за каква душа од тесто се работи.
Подготовка.
Започнуваме со просејување на брашното. На краевите сипете сол на средина направете кратер и во него скршете го јајцето. Додадете го прашокот за пециво, шеќерот, маслото и предходно подквасениот квасец. Замесете со млакиот јогурт убаво мазно тесто. Доколку не сакате да го подмесуате квасецот слободно ставете една кесичка сув квасец(10гр.) во замена за свеж квасец од (40гр.).
Тестото го оставаме да стаса околу еден час или додека не го дуплира својот волумен.
Започнуваме со формирање од тестото кинеме мали топчиња со големина на орев нежно формираме топка и ја расукуваме со големина на тацна за кафе.Средината на секое топче го полниме со фил од јајце и сирење, со прсти го затвараме топчето повторно расукуваме во форма на тацна и го расекуваме на осум крака, секој крак го вртиме. Вака формираните кифли ги обложуваме во тава за печење и печеме на 200степени загреана рерна или додека не добијат убава златна боја.Пред печење премачкајте ги со жолчка и масло и посолете ги со сусам и мак.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани