1
сеп
2012
Фокација со сирење
Се меси тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот. Треба убаво да се измеси да се добие меко и мазно тесто. Кога ќе почне да се двои од рацете се дели на два дела се сукаат две кори кои треба да одморат 10 минути. Потоа се развлекува една кора која се става во плех и се попрскува со зејтин, па се реди сирењето и се покрива со другата кора која е истегната и краевите се подвиткуваат под првата.
Целата фокација се превртува со краевите одоздола и се пеце на 250 степени 10 -15 минути. По печењето треба 10минути да здивне, а потоа пријатен појадок
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела