Фокација од Апулија
Карактеристично за фокацијата од Апулија што ја разликува од останатите фокации е тоа што во тестото содржи варен компир и пченично брашно.
Компирот се лупи и се вари додека не биде добро сварен. Водата во која се варел задржете ја ќе ви треба со неа да го замесите тестото, но прво оставете ја да излади.
Изладената вода од компирот, квасецот, маслото и сладот ставете ги во сад и мешајте со дрвена лажица додека течноста не стане хомогена, додадете пола од брашното и месете. По неколку минути додајте ги солта, испасираниот сварен компир и останатото брашно. Месете додека тестото не добие температура од 25 степени. Оставете го тестото да стасува околу 30 минути, потоа размесете го и ставете го во тава за печење претходно премачкана со масло, не штедете на маслото. Оставете го повторно тестото да стасува додека не се дуплира. Откако ќе се дуплира тестото растегнете го со раце и оставете го да стасува уште 15 минути. Со помош на прстите направете дупчиња, наредете чери домати, маслинки и наросете со крупна сол и оригано. Повторно оставете ја да стасува окулу 40 минути. Пред печењето залијте ја со вода и маслиново масло. Печете ја во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
На какво брашно (400 гр.) се мисли ...
Било какво бело брашно.