Фереро роше
Превкусни, ситни колачиња кои не се печат.
1. Во подлабок сад се ставаат мелените бисквити, кршените лешник наполитанки и чоколадниот крем. Се додава сокот и се замесува смесата.
2. Се обликуваат мали топчиња-бомбици и се чоколадираат.
3. За глазурата се топи чоколадото над пареа со маслото и убаво се изедначува. Бомбицата се става над вилушката, се полева со чоколадото, се наросува со сецканите лешници и уште еднаш се полева со чоколадо. Се ставаат над фолија или хартија за печење да се исушат.
Уживајте во празниците сладејќи се со овие вкусни колачиња.
п.с.Сокот ќе го додавате постепено, зависно од тоа колку пијат бисквитите.
За полесно чоколадирање бомбиците убаво е да отстојат кратко време во фрижидер.
Лиценца: Сите права се задржани