На почеток започнуваме со подготовка на смесата со мелено месо во која ќе ги ставиме варените јајца.
Меленото месо го мешаме заедно со ренданиот компир и кромид,јајцето,ориганото,биберот,црвениот пипер и презлата.Замесуваме убава компактна смеса која дел ја расплескуваме на рака го ставаме јајцето и со друг дел од мелено месо ги затвараме сите страни формирајќи топка која ја валкаме во презла.Вака подготвуваме десет јајца ги пропржуваме кратко од сите страни.
Почнуваме со подготовка на прилогот.
Младиот и стариот сецкан кромид заедно со ренданиот морков ги пржиме кратко по неколку минути ги додаваме доматите и нив заедно ги пропржуваме додека не испари течноста која ја пуштаат доматите.Со постојано мешање го додаваме и оризот предходно измиен пржиме кратко или додека оризот не добие стаклен сјај.
Тргаме на страна и во оваа смеса ги додаваме зачините.Во земјена тава ја сипуваме смесата со ориз ги редиме јајцата со мелено месо додаваме пилешки бујон динстаме на 200степени во рерна додека течноста не испари.
Сервираме со свежа зелка,прилогот со ориз и по една до две топки варени јајца ушушкани во мелено месо.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани