Украсна шарена салата
Подготовка:
1. Пилешкото месо сварете го и изцепкајте го со рака на ситни парчиња. Ситно исечете морков, цвекло и зелка. Потоа сверете едно пакување од златна мешавина. Ситно исечкајте го компирот ситно и испржете го до златна боја. Во голема чинија редете ја салатата. Ставете од се по една рака.
2. За сос - Изблендрајте едно јајце со зејтин, додајте лимон. Ќе се добие густа смеса. Додајте павлака и посолете малку. Ставете го сосот во чинија, во средина на салатата. Така украсена салатата, ставете ја на маса. Пред конзумирање, прелијте ја со сосот и измешајте.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани