Украсна погача
1. Во сад за месење додаваме брашно, стасан квасец, млако млеко, масло и сол. Јајцата ги кршиме едно по едно и ги додаваме во садот. Месиме средно тесто. Го оставаме да се дуплира.
2. На набрашнета работна маса, тестото го делиме на два дела - едниот помал, другиот поголем. Поголемиот дел го расукуваме со сукало. Го сечеме на 16 еднакви делови. Ги виткаме како кифлички и ги редиме во круг во намрсена кружна тепсија. Во средината ставаме 3 кифлички, а околу преостанатите 13. Со малиот дел виткаме плетенка и ја ставаме во средината. Ја оставаме погачата околу половина час да одмори. Премачкуваме со жолчка, сусам, ленено семе или ким, и 100 гр маргарин.
3. Печеме во загреана рерна 20-25 мин на 180 с. Оваа погача е убава за сите свечени пригоди, а кај нас редовно ја има наместо кифлички. Понекогаш ја правам и со изварка или сирење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови