Кикириките сите ги обожаваме затоа и се одлучив на овој состав. Мала измена претрпе мотањето т.е формите на баклавата. Сакав да се навратам на старите мотани баклави барем во моето мало имаше слаткарница која продаваше баклави со оваа форма кои беа превкусни...
Подготовка.
1. Почнувам со подготовка на шербетот кој треба да биде ладен. Во касерола ставете го шеќерот заедно со водата. Од кога ќе зоври оставете точно пет минути да врие.
Тргаме на страна и оставаме да се излади додека си ја подготвуваме баклавата.
2. Кикириките печени лупени ги мелеме, бисквитите исто така, чоколадата ја рендаме (кој сака може да си додаде шеќер околу 50гр. но за мене нема потреба).
3. Корите ги сечеме на три ленти. Една баклава ја формирам од две кори кои ги премачкувам со масло. На почеток до средина го нанесувам филот и мотам
(погледнете ги дополнителните слики)полесно ќе ви биде за подготовка.
4. Готовите баклави редете ги во подмачкана тава и печете на 200 степени додека не добие убава златна боја. Печената жешка баклава ја полеваме со ладниот шербет и ја враќаме во рерна додека не се излади и го впие шербетот.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани