
23
ное
2014
Традиционален охридски орешник
Се меси тесто од брашно, сол и вода. Потоа тестото се дели на 10 топчина и од секое топче се сучи голема кора. Кората се наберува се става во тепсија и се потпекува во загреана рерна. Од кога ќе се потпечат сите десет кори се прскаат со малку солена вода, масло и се наросуваат ореви. Постапката се повторува за сите кори. Се сечат на коцки и се потпекува во загреана рерна од 200 степени целзиусови 30 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови