Вкусно и брзо.... 

Парчињата леб се премачкуваат со путер од двете страни и се печат на загреана тефлонска или грил тава или пак во тостер за печење на лепчиња.

Се вадат од тавата и се додава уште малку путер и се пржи јајцето на око со малку сол и мелен црн пипер.

Се става врз лепчето.

Во тавата се пропржуваат, потпекуваат доматите од двете страни.
Се ставаат над јајцето.

Се рони сиренцето.
Се сечкаат перцата од кромидот и лутото пиперче.

Се става одозгора другото парче тостиран леб.

Се послужува топло.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани