Тост сендвич со јајце на око
Состојки
- 2 парчиња интегрален тост леб или по желба
- по потреба путер
- 1 јајце
- 2 круга од црвен патлиџан
- 30 гр. кравјо сирење
- по вкус луто пиперче
- по вкус зелен дел од младо кромитче
Подготовка
Вкусно и брзо....
Парчињата леб се премачкуваат со путер од двете страни и се печат на загреана тефлонска или грил тава или пак во тостер за печење на лепчиња.
Се вадат од тавата и се додава уште малку путер и се пржи јајцето на око со малку сол и мелен црн пипер.
Се става врз лепчето.
Во тавата се пропржуваат, потпекуваат доматите од двете страни.
Се ставаат над јајцето.
Се рони сиренцето.
Се сечкаат перцата од кромидот и лутото пиперче.
Се става одозгора другото парче тостиран леб.
Се послужува топло.
На здравје!