За пандишпан
Во сад ставете ги шеќерот и млекото(или водата), малку мешајте со лажица додека шеќерот малку се стопи.
Додајте ги и останатите состојки, измешајте убаво да нема грутчиња.
На плех (20х30 цм.) намрсен и побрашнет сипете половина смеса.
Ставете да се пече на 200 степени во загреана рерна додека малку се запече и да има кора.
Извадете го од рерна намачкајте го со џем, сипете ја и останатата половина,израмнете и оставте да се допече на 200 степени, додека зарумени. Кога е печено се ваѓа од рерна и се остава да се излади.
Се прелива со глазура.
За глазурата на пареа стопете ги состојките.
Оставте го во фрижидер додека се излади и се стегне глазурата.
Сечете го на коцки или штангли.
Чувајте го во фрижидер или на собна температура.
Чашата е од 250 мл.
Колачот може да се прави во посна или мрсна верзија. Наместо џем може со Нутела или др...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови