Користен е калап бр 20. Тортава е вистинско уживање. Пробајте ја.

Подготовка:

1. Прво се подготвува основата - Во вангличка се ставаат путерот, шеќерот во прав и ванилата. Се мати со миксер, додека не побели.
2. Се додава првото јајце, убаво се соединува, па се додава и второто јајце. Убаво соединуваме. Го додаваме и млекото.
3. Во сад на страна ги соединуваме брашното, какаото и пецивото. Ги просејуваме и ги додаваме на претходните состојки. Изедначуваме. Смесата ја ставаме во калап, во кој има ставено и хартија за печење. Врз неа ги редиме вишните.
4. Печeме околу 25 минути во загреана рерна. Проверуваме со чепкалка. Оставаме основата да се излади, ја отстрануваме хартијата, а калапот го миеме. Сега во чист калап ја поставуваме основата.
5. Во тенџере го ставаме сокот од вишни, шеќерот и пудингот. Вариме на тивок оган со постојано мешање. Оставаме да се излади. Промешуваме. Желатинот го ставаме во водата да набабри.
6. Сега кај изладениот пудинг го додаваме крем сирот и матиме. Го додаваме и овошниот јогурт, и соединуваме. На крај го додаваме и растопениот желатин. Убаво соединуваме. Овој фил го нанесуваме врз основата. Израмнуваме. Оставаме во фрижидер да се излади.
7. Во тенџере ја загреваме слатката павлака. Го додаваме и скршеното чоколадо. После 2 минути енергично промешуваме, за смесата да се изедначи. Изладениот ганаш го матиме многу кратко. Го нанесуваме врз филот. Оставаме во фрижидер да се излади. Внимателно го отстрануваме обрачот.
Тортата ја декорираме по желба. Сечиме на парчиња и послужуваме.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани