Испечати

Торта чоко-вишна

Торта чоко-вишна

Состојки

  • Основа
  • 100гр путер
  • 100гр шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 1 ванила
  • 50гр брашно
  • 25гр какао
  • 1лажица млеко
  • 1 лажиче пециво
  • Околу 300гр замрзнати вишни, доообро исцедени од сокот
  • фил
  • 300мл течност, сок кои ги пуштија вишните, ако нема доволно дополнете со млеко или вода
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пудинг од шумско овошје
  • 2лажици вода
  • 1лажиче желатин
  • 70гр крем сир
  • 200гр Грчки овошен јогурт од вишни
  • Ганаш
  • 170мл слатка павлака
  • 150гр темно чоколадо
  • Декорација по желба

Подготовка

Користен е калап бр 20. Тортава е вистинско уживање. Пробајте ја.

Подготовка:

1. Прво се подготвува основата - Во вангличка се ставаат путерот, шеќерот во прав и ванилата. Се мати со миксер, додека не побели.
2. Се додава првото јајце, убаво се соединува, па се додава и второто јајце. Убаво соединуваме. Го додаваме и млекото.
3. Во сад на страна ги соединуваме брашното, какаото и пецивото. Ги просејуваме и ги додаваме на претходните состојки. Изедначуваме. Смесата ја ставаме во калап, во кој има ставено и хартија за печење. Врз неа ги редиме вишните.
4. Печeме околу 25 минути во загреана рерна. Проверуваме со чепкалка. Оставаме основата да се излади, ја отстрануваме хартијата, а калапот го миеме. Сега во чист калап ја поставуваме основата.
5. Во тенџере го ставаме сокот од вишни, шеќерот и пудингот. Вариме на тивок оган со постојано мешање. Оставаме да се излади. Промешуваме. Желатинот го ставаме во водата да набабри.
6. Сега кај изладениот пудинг го додаваме крем сирот и матиме. Го додаваме и овошниот јогурт, и соединуваме. На крај го додаваме и растопениот желатин. Убаво соединуваме. Овој фил го нанесуваме врз основата. Израмнуваме. Оставаме во фрижидер да се излади.
7. Во тенџере ја загреваме слатката павлака. Го додаваме и скршеното чоколадо. После 2 минути енергично промешуваме, за смесата да се изедначи. Изладениот ганаш го матиме многу кратко. Го нанесуваме врз филот. Оставаме во фрижидер да се излади. Внимателно го отстрануваме обрачот.
Тортата ја декорираме по желба. Сечиме на парчиња и послужуваме.
На здравје.