Се мати 200мл хопла со 200грама кокос во еден сад( по можност кокосот да биде ситно сомелен за да има подобар вкус )
Во друг сад се мати останатиот дел од хоплата. Пандишпанот го сечеме во форма на срце како помагало ќе ни послужи макета направена од 2 листа хартија и го сечеме пандишпанот по макетата. На првиот пандишпан ја ставаме хоплата која ја измативме со кокос, потоа на вториот пандишпан ја мачкаме обичната хопла и ги нанесуваме крем бананите на врвовите на срцето и околу средината ( некаде налик како пеперутка) во празниот простор го редиме желето и го ставаме последниот дел од пандишпанот. Целата торта ја премачкуваме со останатиот дел од хоплата ( без кокос). Го топиме чоколадото на пареа и го оставаме да се излади 2 минути потоа ја преливаме горната површина на тортата. Ја декорираме по наш вкус.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови