Подготовка:

1. Подготвуваме една кесичка сладолед од ванила (матиме со 200 мл млеко). Јагодите ги ставаме во блендер и ги блендаме ситно. Ја додаваме подготвената смеса за сладолед во блендерот и мешаме додека да се изедначи. Подготвениот сладолед со јагода го додаваме во долгнавест калап обложен со хартија за печење (22цм). Го оставаме калапот 4 часа во фрижидер.
2. Ја подготвуваме и втората кесичка сладолед од ванила и ја истураме врз сладоледот од јагода. Израмнуваме и оставаме во фрижидер 4 часа.
3. Чоколадото го растопуваме и оставаме да се олади 20тина минути. Ја подготвуваме и последната кесичка сладолед од ванила. Го додаваме чоколадото на крај и мешаме убаво. Вака подготвената смеса ја истураме во калапот и оставаме во замрзнувач преку ноќ. Калапот го вадиме од фрижидер, оставаме на собна температура 5 минути, па потоа со помош на хартијата за печење ја вадиме тортатата од калапот.
Едноставен начин сладоледот од кесичка да се направи малку поинтересен.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани