Торта со планети (Killing me softly)
Подготовка:
1. Прво се вари кремот. Се мати нишестето со шеќерот и ликерот-пинаколада и се додаваат матените жолчки. Се загрева кокосово млеко(од 1литар вода и 250гр кокос се добива 900мл густо млеко)и се вари густ крем
2. Додека се лади кремот се прави бисквитот. Се матат жолчките со шеќерот се додава истопениот маргарин и снег од матени белки. Тавче за торта е 24см се обложува со хартија за печење и се става смесата. Се печи на 175С. Се добиваат 4 кори.
3. На загреана рингла се затоплува пирето од јагоди. Во друг сад се разматува нишестето со шеќерот и ванилата и за вари кремот и се додава маргаринот.
4. Долниот бисквит го ставаме во тавчето, го топиме со мешавината- преливот и се премачкува со топол фил од јагоди. Се става кратко во замрзнувач, па се става кремот од кокос и ванила во кое е изматен шлаг. Се поклопува со друг бисквит и така се оди до крај. Одозгора се става фондан или по ваша желба чоколадо, шлаг.
*Забелешка -Тортата ја направив за 4 тиот роденден на мојот Петар кој ги обожава планетите.
Лиценца: Сите права се задржани
Tortata se komplet ubava.