Торта со палачинки
За пандишпанот
Се матат јајцата со шеќерот се додека да се добие пенеста смеса. Во нив се додава млаката вода, брашното измешано со прашокот за пециво и ренданата чоколада и сето тоа се промешува со лажица.
Смесата се пече во тавче бр. 26 претходно покриено со хартија за печење, се пече на 180 степени се додека не добие кафеава боја.
Одкако ќе се испече и ќе се излади се сече хоризонтално на половина и се добиваат два дела.
За кремот
Се мати слатката павлака и одкако ќе биде добро изматена во неа се додава претходно растопеното чоколадо, се мати уште малку додека да се соединат добро.
За палачинките
Секој си ги подготвува според испробаниот рецепт, секоја палачинка се премачкува со мармалад и се витка.
За филување
Се зема првиот дел од пандишпанот, врз него се става третина од кремот, па се ставаат палачинките една до друга и врз нив се става другата третина од кремот, па вториот дел од пандишпанот и сето тоа се завршува со преостанатиот крем со кој се премачкува целата торта.
Тортата се става во фрижидер да се стегне и потоа се сервира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
прво мислев дека е солена торта и дека џемот е кечап :)
не се ни сомневам во вкусот :)