
11
фев
2022
Торта со ореви (по рецептот на баба)
Мојата омилена торта од детството. Лесна и едноставна за подготовка.
Подготовка
1. Најпрво со миксер се матат јајцата и шеќерот се додека шеќерот не се стопи. Постепено се додаваат и останатите течни состојки, брашното и пецивото. На крај се додаваат сецкани ореви и рендано чоколадо по желба и се промешува.
2. Се печи во тава претходно обложена со хартија за печење, полека и рамномерно ја додаваме смесата во тавата и посипуваме со сусам. Се печи околу половина час на температура од 180 степени. Откако ќе се испечи, се остава да се излади и потоа се сечи со остар нож или со конец.
*1 шоља= 250мл
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови