Торта со вишни
Една убава торта која беше за убав повод. Спој на чоколада, крем сирење и вишни.
Подготовка:
1. Ги делиме белките од жолчките. Посебно ги матиме белките со шеќерот, па кога се изматени ги додаваме и жолчките.
2. На страна ги соединуваме брашното, какаото и пецивото, па ги сееме во садот кај јајцата. Мешаме со шпатула.
3. Префрламе во калап за печење,кој го обложивме со хартија. Печеме 30 минути во загреана рерна.
4. За тоа време, матиме слатка павлака заедно со шлаг кремот. Користев од чоколада.
5. Кога ќе излади пандишпанот го сечеме на 3 дела. Ја редиме тортата,еден пандишпан, па шлаг, па пак пандишпан и се така додека да затвориме со мал слој на крем. Помеѓу шлагот редев исцедени вишни од компот.
6. Посебно матиме 1 маргарин со 200 гр шеќер во прав. Додадов 500 гр маскарпоне и 4 лажици нутела.
Измешав убаво и премачкав. Декорирав со парченца чоколада.
Тортата беше одлична.
На здравје да ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови