Торта - Од се Срце
1. Фил. Млекото се вари, а во чинија се раствара со малку вода густинот. Откако млекото ќе зоврие се додава густинот и непрекинато се меша додека не се добие густа смеса. Потоа се додава ванилин-шеќер и шеќер и се меша за да се раствори. Филот треба да се излади.
2. Пандишпан. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот . Потоа полека се додава брашното и пецивото и полека се мати за да смесата се соедини.
Тестото се става во плех обложен со пекарска хартија и се пече во загреана рерна 15 минути на 200 степени. Пандишпанот се лади 20-тина минути.
3. Путерот кој се растопи на собна температура се сецка на коцки и се микса заедно со филот.
Бананите се сецкаат на кругови.
4. Изладениот пандишпан се сече на 2 еднакви дела во форма на срце. И се филува - Пандишпан + фил + банани + Пандишпан + банани + фил. Тортата се украсува по желба и треба да се излади.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови