Фил
- Слатката павлака сипете во сад во кој ќе матите, додадете ја нутелата и сматете ја да добиете доволно густ крем (но не прематувајте одповеке за да не се направи како маслац), доколку сакате додадете и мелени лешници - разбркајте и ставете во фрижидерот да стои додека спремате палачинките.

Палачинки
Чашата е од 200 мл.
- Сматете го јајцето со ванила шеќерот, маслото, млекото - брашното, додадете ги мелените ореви, постепено додадавајте ја водата и бркајте да се воедначи тестото. Доколку мислите дека е густо тестото за палачинките, додадете уште малку вода (густината зависи како од големината на јајцето така и од типот на брашното), додавајте ја по малку за да не го премногу разредите тестото. Со масло или путер сосема малку премачкајте ја тавката за палачинки со нелеплива подлога, пребришете со салфета и ставајте од смесата. Излегуваат од 12 до 15 палачинки (зависи од големината на тавката). Доволно е првото премачкување на тавката, понатаму не е потребно.
- На тацната на која ќе ја формирате тортата ставете ја првата палачинка, премачкајте во тенок слој од нутелата-врз тоа ставете од филот, пак палачинка - нутела и фил.. и се така до завршување на палачинките и филот. Одозгора доколку ви останало од филот премачкајте ја горната кора и посипете со крупно мелени или толчени ореви или едноставно направете ганаш - 100 мл. слатка павлака која ќе ја загреете и ќе ставете 100 гр темно чоколадо да се стопи, малку да олади и залијте.
Секако дека можете оваа тортичка да ја приготвите и со плачинките кои ги приготвувате по ваш испробан и омилен рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани