12
окт
2015
Торта Нант
1. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот, шеќерот и ванилата додека не се соединат. Едно по едно ги дадаваме јајцата , брашното и мелените бадемите и матиме додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезна тава број 24 обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна загреана на 180 степени на 30 минути.
2. Во длабок са со лажица ги мешаме шеќерот во прав, румот и водата додека преливот не се соедини.
3. Подизладена тортата ја превртуваме на чинија, ја отстрануваме хартијата и ја премачкуваме со преливот.
4. Декорираме со ораси од кедар и цимет.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови