Испечати

Торта Нант

Торта Нант

Состојки

  • Пандишпан
  • 3 јајца
  • 150 г шеќер
  • 70 г брашно
  • 125 г путер
  • 75 г бадеми
  • 1 пакетче ванила
  • Фил
  • 150г шеќер во прав
  • 1 лажица вода
  • 2 лажици рум
  • Украс
  • по потреба Ораси од кедар (или ореви, мигдали... )
  • по потреба Цимет

Подготовка

1. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот, шеќерот и ванилата додека не се соединат. Едно по едно ги дадаваме јајцата , брашното и мелените бадемите и матиме додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезна тава број 24 обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна загреана на 180 степени на 30 минути.
2. Во длабок са со лажица ги мешаме шеќерот во прав, румот и водата додека преливот не се соедини.
3. Подизладена тортата ја превртуваме на чинија, ја отстрануваме хартијата и ја премачкуваме со преливот.
4. Декорираме со ораси од кедар и цимет.