Торта Момина Солза
1.Најпрво ја вклучуваме рерната на 200 степени.
2. Започнуваме со подоготвка на падишпанот.
Јајцата заедно со 6 лажици шеќер убаво ги матиме со миксер, потоа го додаваме пецивото и брашното и на крај какаото. Матиме со миксер и смесата ја ставаме во плех тавче од рерна, ја намастуваме со маргарин и ја печиме околу 20 минути на 250 степни.
3.Во подлабок сад ставаме млеко да зоврие заедно со шеќерот. Oткако ќе зоврие млекото го додаваме пудингот растворен со млеко мешаме со лажица додека да се згусти убаво.
4.Маргаринот и шеќерот во прав ги матиме со миксер. Oткако ќе се излади пудингот маргаринот и шеќерот во прав ги додаваме во пудингот и убаво матиме со миксерот. Потоа ги додаваме крем баначињата ситно исецкани. Исто така и ролерите ситно ги сецкаме и додаваме кокос. Сето заедно убаво ги мешаме со лажица. Посебно ја матиме слатката павлака со миксер
5.Падишпанот откако ќе се испече го вадиме од рерна, го покриваме со влажна крпа околу 10 минути да стои. Потоа го вадиме од плехот и го топиме со неколку лажици слатко од смокви. Ја филуваме тортата, ја преклопуваме и потоа украсуваме со слатака павлака.
(јас вака си ја украсував тортата вие можете по желба како што сакате и плус не мора одозгора со ролери може само со слатка павлака)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Убава торта!