Торта Бинг (посно)
Подготовка:
1. Пандишпан- Во сад измешајте ги шеќер, млеко, масло, ванила и сол. Додајте го просеаното брашно и пециво и измешајте убаво со жица. Поделете ја смесата на 2 дела. Во едниот дел додајте го какаото и 30мл. млеко. Дното на округол калап (20цм) обложете го со хартија за печење. Страните на калапот премачкајте ги со масло и набрашнете. Ставете 2-3 лажици од белата смеса, потоа 2-3 од кафеавата и повторувајте ја постапката додека се потрошат двете смеси. Печете на 180 степени, 40-45 минути.
Извадете од рерна и оставете убаво да се олади, па пресечете го на 2 еднакви дела.
2. Крема - Со малку од млекото растворете го пудингот, ванилата и шеќерот. Преостанатото млеко ставете го да се загрее. Додајте го растворениот пудинг и мешајте додека се згусти. Оставете да се олади. Додајте ги лешниците и убаво измешајте.
3. Овошен дел - Во касерола на оган ставете го замрзнатото овошје (претходно одмрзнато), сокот од лимон и шеќерот. Мешајте и откако ќе дојде до зовривање додајте го скробот и мешајте, додека малку се подзгусти (сосема кратко).
Тргнете од оган и оставете да се олади.
4. Сируп - Ставете ги водата и шеќерот на оган. Откако ќе зоврие и шеќерот ќе се растопи тргнете од оган и оставете целосно да се олади, па додајте го рум екстрактот. На чинија или подлога за торта ставете еден дел од пандишпанот. Попрскајте го убаво со сирупот. Нанесете ја кремата, а врз кремата ставете го овошниот дел.
Вториот дел од пандишпанот исто попрскајте го со сирупот и нанесете го врз овошниот дел.
Украсете по желба .
Лиценца: Сите права се задржани