Јајцата и шеќерот пенасто се матат, како за торта. Се додава зејтинот, киселото млеко и пецивото. Во подмачкана тава, оние што се од шпорет, се редат 2 кори па фил, па 2 кори па афион, кокос или ораси се дури не се истрошат. Се завршува со кори. Се сече на големи, квадрати па на триаголници. Се пече 200 Ц, 20 минути до половина час.
Се вари шербет од шеќерот, водата, ванилите и лимонот на кришки. Треба да е средно густ. Кога е готова баклавата се прелева со врел шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови