Во сад ги ставаме кикиритките, бисквитите, ванилите, шеќерот во прав и ги мешаме состојките. Маргаринот го топиме и го додаваме кај состојките. Додаваме сок од портокал само колку да се замеси еднолична смеса. Формираме мали топчиња. Чоколадата ја топиме на пареа и во секоја хартиена корпичка ставаме по една лажица растопена чоколада и по едно топче. Одозгора декорираме со чоколадо.

Лиценца: Сите права се задржани