Вкусен здрав рецепт, десерт кој воодушевува.

Подготовка:

1. Поделете ги јајцата, жолки и белки. Матете ги белките во цврст крем. Жолчките изматете ги убаво со миксер, па додајте го овесот, пецивото и мед една лажица.
2. Печете палачинки со големина колку една чаша. Урдата изматете ја убаво со другата лажица мед, но матете во блендер. Потоа со шпатула полека измешајте ја со белките.
3. Палачинките кои ги изладивте ќе ги потопиме во свареното кафе, па така натопени ќе ги редиме во чашата. Ред од белиот фил, па ред натопена со кафе палачинка. Затвараме со бел фил, па оставаме да се стврдне во фрижидер.
4. Кога е стврднато, и изладено попрскуваме со какао. Имаме превкусно тирамису во чашка. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови