10
авг
2021
Тивко печени шери домати со свежи зачини
Подготовка:
1. Измиeните шери домати ги сечеме на половина. Ги редиме во мала тепсија.
Одозгора ги попрскуваме со мешавина на маслиново масло, балсамико оцет, сол, шеќер и бибер.
Расфрламе од свежиот рузмарин и босилек.
2. Печеме на 170 с, околу 1час и 30 минути, односно додека шери доматите нежно се карамелизираат.
Ги сервираме како прилог.
Лиценца: Сите права се задржани