Испечати

Тивко печени шери домати со свежи зачини

Тивко печени шери домати со свежи зачини

Состојки

  • 1 голем грст домашни, шери домати
  • 3,4 гранчиња свеж рузмарин
  • 3.4 гранчиња свеж босилек
  • 2лажици маслиново масло
  • 1лажица оцет балсамико
  • Прстофат шеќер
  • Сол по вкус
  • Малку свежо мелен бибер
  • По желба и пасирано лукче

Подготовка

Подготовка:

1. Измиeните шери домати ги сечеме на половина. Ги редиме во мала тепсија.
Одозгора ги попрскуваме со мешавина на маслиново масло, балсамико оцет, сол, шеќер и бибер.
Расфрламе од свежиот рузмарин и босилек.
2. Печеме на 170 с, околу 1час и 30 минути, односно додека шери доматите нежно се карамелизираат.
Ги сервираме како прилог.