Течна мусака
Едноставен и секојдневен ручек на нашите трпези, но за почетниците
може ќе се најде. Кога треба ручекот да биде брз, а сепак да биде манџа,
мусаката ја правам вака течна.
1. Исечканиот кромид, морков и пиперка ги динстам со масло и малку вода, а кога ќе испари водата, пропржувам уште малку, па го додавам меленото месо.
Месото се запржува додека не добие бела боја.
2. Додавам сув зачин и црн пипер да се запржи малку, потоа црвениот пипер кој треба многу внимателно да се пржи да не изгори (некоја минута) и веднаш ја додавам доматата (во лето 2-3 свежи домати). Пред да почне да прска смесата,а штом проврие, додавам вода од прилика 1-2 литри.
3. Кога водата ќе почне да врие го додавам измиениот ориз и исечканите на коцки компири и зависно од јачината на шпоретот намалувам и оставам само да се довари, надгледувајќи го одвреме навреме.
Штом се свари оризот и компирот, манџата е готова.
Ако мусаката е многу густа се додава вода, а ако пак е поретка бидејќи не ставам црвена запршка (црвениот пипер го ставив претходно), мешам 1 чаша ладна вода и 1 лажица брашно и ја додавам во манџата додека врие. Врие уште малку и толку.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани