Тартуф торта
Роденденска чоколадна торта...
Подготовка на бисквитно тесто
1. Ги матиме јајцата заедно со шеќерот да се волуменизираат, па го ставаме растопениот и изладен путер.
2. Ги додаваме сувите состојки какаото и брашното со тоа што ги просејуваме.
3. Ја соединуваме смесата и ја истураме во намрсено и набрашнето тавче бр. 22.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени со вентилатор.
5. Откако ќе се испече оставаме да се излади и потоа ја сечеме на два дела.
Подготовка на чоколаден дел од фил
1. Млекото и слатката павлака ги ставаме на рингла до зовривање.
2. Го додаваме чоколадото да се растопи, соединуваме па го додаваме и путерот и тој да се растопи. Соединетата чоколадна смеса ја оставаме добро да се излади.
Подготовка на фил од белки
Околу 50 гр шеќер оставаме за во белките.
1. Остатокот од шеќерот и водата ги вриеме околу 10 минути на средна температура. Карамелизираниот шеќер треба да има светло кафеава боја.
2. Белките со шеќерот ги матиме во снег, да зацврстат.
3. Карамелизираниот шеќер го додаваме постепено во белките и матиме со миксер додека постепено се соединуваат двете смеси.
Соединување на филовите
1. Во филот од белки го додаваме чоколадниот фил и соединуваме со миксер. Ја филуваме тортата.
Украсуваме по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Ubavka e tortava