Тарана во плех
Тараната се става во плех(сув),може малку да се потпече во рерна ама и не мора. Се става зовриена вода со сол,вегета и малку масло отприлика колку што мислите дека треба. Исто како да варите макарони. Не треба многу вода од прилика да има во дебелина на два прста над тараната.
Се остава да крчка, јас го оставам на плотната од шпоретот на дрва. Но, може во рерна на 250 степени. Повремено примешувајте со лажица. Кога изврила сета вода и се сварила тараната, одвреме навреме проверувајте и дали е сварена, оставете малку да зарумени, немојте многу бидејќи може одоздола да запече. А и не мора да фати боја. Извадете да се олади сечете парчиња и служете.
Одлична е за вечера со чаша јогурт и парче сирење.
Најдобро да биде во поголем плех и не ставајте многу да биде пренатрупано, па да не се свари рамномерно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
[img][/img]