Се карамелизира шеќерот до боја на килибар, се додава маргаринот и се меша да се стопи.
Потоа се додава врелата вода, па и се меша на мала јачина на ринглата додека карамелот се дорастопи и се убаво се соедини.

Се трга од рингла и му се додаваат мелените бисквити, сусам и ванилата. Јас користев мелени посни бисквити.

Веднаш се филоваат корите со по 3-4 лажици од филот. Најгорната не се филова и се натиснува со нешто тешко убаво да се спојат и израмнат.

По неколку часа или преку ноќ се преливаат со глазурата од стопено чоколадо и слатка павлака.
Откако ќе се стегни глазурата за некој пола саат во фрижидер, се сечи на посакуваните коцки.

Забелешка
Во глазурата јас ставив 50 гр маргарин првично, па се премислив и додадов слатка павлака, затоа е вака матна и неприлагодна. Маргаринот како опција го тргнав од состојки.
Кога сме кај него, сметам дека можеби е попаметно да се стави цел маргарин (по рецептот од мојата пријателка Тања е пишан 200 гр), бидејќи мене смесата ми дојде некако посничка и потешко се размачкуваше, па требаше да користам и раце за тапкање и распоредување. Можеби и изборот на бисквитите тука игра дополнителна улога, не знам, ама знам дека е интересен и примамлив вкус на уште една „розенка“.