1. Најпрво исечкајте го чоколадото на многу ситни резанци кои исто така ќе ги иситните. За успешно сечкање добро е прво чоколадото да го ставите да отстои малку во замрзнувач.

2. Потоа ставете ја макадамијата во најлонска кеса и со толчник или помала сукалка издробете ја.

3. Тестото е едноставно, лесно, од малку состојки, а сепак многу благодарно за работа. Од состојките измесете глатко тесто.

4. Од тестото земајте мали парченца во големина на орев, расплескајте ги и во средината ставете прво од сечканото чоколадо, па 3-4 парченца макадамија и повторно покријте ги одозгора со чоколадо. Тестото од сите страни повлечете го нагоре и спојте го да се соедини, па нежно со рацете обликувајте топче.

5. Колачите наредете ги во тава и печете на 200С додека благо ја сменат бојата, но сепак останат светли.

Топлите колачи веднаш извалкајте ги обемно во шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани