1. Најнапред се матат путерот и шеќерот, па се додава јајцето.
2. Во смесата се додаваат останатите состојки и се замесува тесто кое се сука. Јас секогаш половина од колачињата ги правам од тенка, половина од подебела кора за да имам и поровки и посуви колачиња.
3. Формите се вадат со калапчиња или чашки, се редат на плех од рерна кој е обложен со хартија за печење и се печат на 180 степени 10-15 минути во зависнот нивната дебелина и од рерната.
Оладените колачиња се чуваат во затворена кутија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови