
10
мар
2021
Старински сутлијач
Вака го правам јас сутлијачот без други додатоци и пудинзи. Овој ни е највкусен . Но за вкусовите не се коментира ниту наметнувам нешто.
1. Се става најпрво водата и шеќерот да зовријат. Потоа се става претходно измиениот ориз. Се вари додека оризот ја впие целата вода. Потоа се додава на два пати млекото и постојано се меша. Се вари вкупно 1 саат на тивко.
2. Се става во стаклени садови и се поросува со цимет. Излекоа вкупно 7 чиничиња наполнети со по 4 кутлачи. Наздравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани