26
окт
2012
Спанаќ со ориз
Во длабок сад на оган ставаме малку масло. Во него го додаваме да се запржи кромидчето, па го додаваме спанаќот. Оставаме да се попржи. Потоа додаваме ориз, и по пет минути пржење го додаваме млекото и водата. Посолуваме со вегета. Оставаме да се вари околу дваесетина минути на тивок оган. Кога оризот е варен а смесата згусната го иставаме од оганот и му кршиме едно јајце. Промешуваме смесата да се соедини. Се сервира со лажица кисело млеко или павлака. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови