Сочни свински ражничи на грил тава
Не дека некој не знае да приготви ражничи, ама јас конечно мислам дека ја направив добитната комбинација, во консултации и насоки со месарот од каде го купувам месото.
1. Кимот тостирајте го во загреана тава да испушти арома и заедно со коријандерот истолчете ги да испуштат што е можно повеќе вкус.
2. Ако месото не е исечено исечете го на мали коцкички, од прилика 2,5х2,5цм и ставете го во поголема вангла.
3. Насечете го кромидот на не многу тенки ленти и тој истурете го во ванглата, се зачинете и добро размешајте. Оставете барем половина час месото да се маринира, па редете на стапчињата за ражничи, со тоа што почетни и крајни парчиња ќе ви бидат парченцата кои имаат повеќе мрсно, па попосни парчиња, а меѓу нив ќе ставате парче зелена пиперка или кромид.
За жал тој ден не можев да најдам црни патлиџани и да ставам и нив. За крај ставете една кришка од месестиот дел од доматот и пржете во лесно намрсена грил тава.....Од прилика по 5мин од страна......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
огладнев!
а ене го лето каде е... :D :D :D :D