Подготовка:

1. Измиеното парче месо го просушуваме со хартиени брисачи. Го сечиме на траки, па на коцки.
Јас го поделив на 2 дела месото и го маринирав со две верзии. Кои беа поубави не можам да кажам... И двете.
2. Во еден сад ставаме масло, сол, 1 полно лажиче мешавина на зачини за свинско печење. Промешуваме и ги ставаме коцките месо. Промешуваме и оставаме да се маринираат коцките 3,4 часа.
3. Во друг сад ставаме масло, сол, бибер, зачин и оригано. Промешуваме, ги додаваме другите половинки коцки месо и оставаме да се маринира и тоа 3,4 часа.
4. Стапчињата за ражничи ги натопуваме со вода. Ставаме коцка маринирано свинско месо, парче кромид, парче пиперка, месо, кромид, пиперка. На ист начин ги редев и другите ражничиња, ставав месо, пиперка.... Без кромид, за да ги разликувам поради зачинувањето. Вака подготвени ги печиме на скара на ќумур, и внимаваме да не ги пресушиме. Многу беа кревки и сочни. Ги сервираме и дегустираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани